Денот на мајката

Денот на мајката е празник што традиционално се одбележува во Европа и светот. Празникот се одбележува секоја година во втората недела на месец мај. Како основоположник се смета американката Ан Марија Ривес Џарвис која во 1865 година организирала собир на мајките каде мајките разменувале идеи за актуелните прашања. 

Овој ден во светот значи ден кога се истакнува важноста и улогата на мајката во општеството. 

Во Македонија денот на мајката не се слави. 8 Март како денот на жената, а со тоа и на мајката добива многу поголемо внимание отколку на овој ден.

Најмногу се одбележува во Северна Америка – САД и Канада каде децата во училиштата со месеци подготвуваат приредби и изработуваат подароци за да им покажат на своите мајки колку им значат.