Интернационалците без поголем впечаток

Николче Новески го одигра целиот натпревар во кој неговиот тим Мајц на домашен терен со 2:4 изгуби од Борусија Менхенгладбах.

Риед и Матерзбург одиграа нерешено 1:1. Илчо Наумоски ги одигра првите 25 минути од натпреварот за Матерзбург.

Раднички 1923 и Партизан одиграа 0:1. Александар Лазевски го одигра целиот натпревар за Партизан.

Величе Шумуликоски го одигра целиот натпревар во кој неговиот клуб Словачко на домашен терен со 0:3 изгуби од Слован Либерец.

Волин Луцк на домашен терен изгуби од Арсенал Киев со 1:3. Ванче Шиков и Душан Савиќ го започнаа натпреварот за тимот на Волин, но не можеа да влијаат на надмоќноста на гостите. И двајцата беа заменети во второто полувреме, Савиќ ја напушти играта во 55 минута, а Шиков во 68 минута.

WebOhrid