Локалната самоуправа во соработка со Јавните претпријатија кои се под нејзина ингеренција организираат акција за расчистување, со која ќе се разубави просторот и ќе се зголеми степенот на хигиена.
Општинските јавни претпријатија ќе работат на собирање на сметот, расчистување на депониите, уредување на зеленилото и кастрење на дрвјата и грмушките. Екипите со сета потребна механизација која се состои од машини, пили, платформи, камиони и др. најпрвин ќе расчистуваат на потегот од Стобекс до Велгошти и делот од Горна Порта до градскиот пазар и придружните улици.
Во наредните денови ќе бидат третитани и остнатите делови од територијата на општина Охрид каде ќе бидат лоцирани депонии од ваков вид. Акцијата која претставува продолжение на активностите кои се преземаа за средување на градските гробишта, ќе започне утре, 14 мај, а ќе трае се додека не се постигне поскуваниот ефект. Пред почетокот на туристичката сезона, планирана е акција за расчистување на крајбрежниот појас на Охридското езеро.