Контролно мерење на кајак на мирни води

Кајакарската федерација на Република Македонија одржа контролно мерење на кајакарите во дисциплината кајак на мирни води. Контролното мерење се изврши  во водите на Охридско Езеро  на стаза пред хотел Дрим во Струга во сите категории на 200, 500 и 1000 метри. На мерењето зедоа учество сите кајакарски клубови од Република Македонија. Кајакарите на кајакарскиот клуб „ЕХО“ од Охрид постигнаа забележителни резултати остварувајќи најдобро време во јуниорска и пионерска конкуренција.

kajak2 kajak3