Интензивно се уредуваат зелените и јавни површини

Веќе трет ден екипите на „Јавна Хигиена“ и „Јавно Зеленило“ интензивно работат на повеќе локации за уредување на зелените површини во градот и приградските населби, како и чистење на јавно прометните површини.

По иницијатива на Локалната самоуправа, а во соработка со другите јавни претпријатија од градот се коси ниската вегетација, се кастрат гранки, се метат површините и се подига отпад од следните локации:  во стариот дел од градот ул. „Кузман Капидан“; просторот околу МЈП „Проаква“ – Охрид; потегот од магистралниот пат Охрид-Св.Стефан и с.Пештани.