Предлог на претседателот Иванов за избор на претседател на ад-хок комисијата за настаните околу 24 декември 2012

Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, денеска – 16 мај 2013 година, четврток, се одржа уште една работна средба на генералните секретари на ВМРО-ДПМНЕ, г. Кирил Божиновски и на СДСМ, г. Андреј Петров, околу формирањето на ад-хок комисијата за расветлување на настаните кои се случија и кои претходеа на 24 декември 2012 година,  со цел избор на претседател на комисијата.

На средбата, од страна на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, за претседател на комисијата беше предложен претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик проф. д-р Владо Камбовски, како угледен и авторитетен универзитетски професор по кривично право.

Ги повикуваме двете партии да се изјаснат по овој предлог на претседателот Иванов, со цел формирање на ад-хок комисијата и што поскоро започнување со нејзината работа, со крајна цел исполнување на постигнатиот политички договор од 1-ви март и целосно фокусирање кон евро-атлантските интеграции на Република Македонија, во пресрет на одржувањето на состанокот на Европскиот совет.

Јавното соопштување на предлогот на претседателот Иванов следува по низата претходно одржани средби и неуспешни обиди за постигнување консензус за избор на претседател на комисијата.