Илија Дуклески именуван за нов секретар на Општина Дебрца

Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски го именува Илија Дуклески за нов секретар на Општина Дебрца.

Илија Дуклески на оваа функција доаѓа од позицијата раководител на ПШС Галичица Охрид, а исто така беше и поранешен градоначалник на Општина Мешеишта во периодот 2000 – 2005 година.