Во товар со моркови пронајдени два тони канабис

Царинските служби во францускиот град Турс запленија 2,1 тони дрога канабис, скриена во камион помеѓу товарот со моркови, кој доаѓал од Шпанија.

Вредноста на запленетата дрога се проценува на 10 милиони евра.

Според податоците од документацијата, камионот превезувал моркови. Најпрво било констатирано дека камионот нема ладење потребно за транспорт на моркови, а дрогата е откриена при проверка од страна на царинските службеници со помош на куче.