Данска победи на 58-то издание на „Евровизија“ кое што оваа година се одржа во Малме, Шведска.
Претставничката Емели де Форест со песната „Only Teardrops“ заслужено се најде на првото место според гласањето на сите земји учеснички на Евросонгот.
Данска водеше уште од самиот почеток на гласањето, и на крај победи со 266 поени. На второто место се најде Азербејџан, на третото Украина, четврто Норвешка и петто Русија.
Во свечената арена во Малме, претставници од 26 земји се бореа за гласовите од сите 39 земји учеснички.