Се санираат оштетувањата на коловозот кој води до с.Лескоец

Продолжуваат активностите за санирање на оштетувањата на патиштата низ општина Охрид. Ј.П „Македонија пат“-секција Охрид, интензивно продолжува со асфалтирање на ударните оштетувања на патот кој води кон с.Лескоец, на делницата од кружниот тек кај ресторанот Панорама до Градските гробишта.

Ова е втората етапа од поправката на патната мрежа во Охрид, која ја спроведува Ј.П „Македонија пат“ после санацијата на патот од булеварот „Туристичка“, па се до хотелот „Гранит“, во двата правци. Според информациите на „Македонија пат“, до сега се санирани оштетувања од преку 1500 м², а активностите за поправка и нормално функционирање на регионалните и локалните патни правци ќе продолжат и понатаму.

sanacija2 sanacija1