Од полноќ поскапуваат горивата

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ поскапуваат горивата за половина до еден денар. 

Еуросупер БС -98 и Еуродизел поскапуваат за половина денар, додека пак Еуросупер БС – 95 и екстра лесното масло за домаќинство ќе се точат за цена повисока за еден денар. Мазутот ќе поскапе за 0,716 денари за килограм.