Убавото време го раздвижи Охрид

Убавото сончево време кое преовладуваше викендов го раздвижи Охрид. Туристите кои што престојуваа во Охрид го искористија нивното време за прошетка низ охридската чаршија, покрај кејот, кафулињата, рестораните, како и за разгледување на културните знаменитости. Секако не изостанаа ниту домашните гости како и охриѓани, кои ги „полнеа батериите“ за претстојната работна недела.

Сончевото време ќе продолжи и во наредните 2 дена со максимална температура до 25 степени, а веќе од четврток не очекува облачно време со услови за врнежи од дожд и температура до 20 степени.

WebOhrid