После промената на местото директор и раководниот тим на Ј.П. „Билјанини Извори“ – Охрид, се пристапи кон еднонеделна ревизија на финансиското работење на препријатието се со цел да се утврди фактичката состојба на претпријатието.
„За жал сликата не е ни малку позитивна, јавното претпријатие по основ на неплатени даноци долгува 790.000,00 денари, 4 820.000,00 денари се побарувања по основ на неисплатени 4 плати, за управен и надзорен одбор јавното претпријатие е задолжено за 1 400.000,00 денари, за струја треба да се подмират 6 423.878,00 денари, додека кон доверители 758.981,00 денари. Вкупно: 14 192 859,00 денари“, – истакна в.д. директорот Цветкоски.
Од општинското јавно претпријатие најавија дека во наредниот период ќе се пристапи кон сериозна анализа која би довела до изготвување на акциски план за санација на препријатието.
„Ова претпријатие е столб на спортот и развојот на спортот во Охрид и поради тоа треба максимално да се ангажираме и да не дозволиме уште еднаш да дојдеме до оваа ситуација“, – рече Цветкоски.
Од минатата недела ЈП „Билјанини извори“ заедно со Локалната самоуправа секојдневно работи кон изнајдување на решенија кои трајно ќе ја осигураат иднината на препријатието. За тоа е потребна сериозна реорганизација, посветеност на вработените и секако подобрување на инфраструктурата.