На Балканското првенство во џудо за кадети и јуниори кое се одржа во Охрид од 17-ти до 19- мај, учествуваа околу 400 натпреварувачи од сите 9 Балкански држави. Се натпреваруваа Кадетите-У17 и Јуниорите-У21.
За најдобар кадет/ка беше прогласен ТЕМЕЛКОВ Божидар од Бугарија.
За најуспешна кадетска репрезентација беше прогласена репрезентацијата на СРБИЈА.
За најдобар јуниор/ка беше прогласена ДАМЈАНОВА Борислава од Бугарија.
За најуспешна јуниорска репрезентација беше прогласена репрезентацијата на СРБИЈА.