За првпат годинава ќе се реализира експериментална програма за фудбал и ракомет во ОУТУ „Ванчо Питошески“

Од утре па во текот на наредните денови започнува уписот во учебната 2014/15 година во ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид, каде што за првпат од оваа година ќе се реализира експериментална програма за фудбал и ракомет – 2 паралелки, според наставен план за спортска гимназија и посебно утврдени критериуми од МОН.        

Приемот на документи во првото пријавување во јунскиот уписен рок за спортските паралелки ќе се врши на 19 и 20 јуни 2014 година, додека резултатите од запишувањето ќе се објават на 20 јуни 2014 година. Приемот на документи за угостителско-туристичката струка ќе биде на 23 и 24 јуни 2014 година додека резултатите ќе бидат објавени на 25 јуни 2014.                                                                                           

Покрај спортската гимназија – двете спортски паралелки по ракомет и фудбал, во ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид, во учебната 2014/15година во I година ќе бидат запишани  272 ученици во 8 паралелки според наставните планови и програми за стручно образование за профилите: келнер, готвач, угостителски техничар, угостителски техничар за рурален туризам и хотелско-туристички техничар.

Придружи се каде што се образуваат високо квалификувани стручни кадри од областа на угостителството и туризмот како приоритетна стопанска гранка во развојот и афирмацијата како на Охрид  така и на државата, каде што теоријата се преточува во практика, се негува толеранција и другарство, натпреварувачки дух и учество на многу државни и меѓународни натпревари, резултатите се видни и се остваруваат и најважното можност за вработување и отворање сопствен бизнис. Правилниот избор е единствениот пат кон успехот.