Претставници на Јапонската агенција за меѓународна соработка на работна средба во Охрид

Денес во Охрид се одржа работна средба на претставници на Јапонската агенција за меѓународна соработка и претставникот на Билатералниот секретаријат за Охридско Езеро при МЖСПП, Дејан Пановски, на која беше истакнато дека јапонските експерти го изготвија финалниот извештај за состојбата на колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро и се во ситуација да предложат техники за рехабилитација на истиот. За таа цел договорен и утврден и работен состанок со претставниците на Општините Охрид и Струга, претставниците на надлежните јавни претпријатија и преставници на Министерството за животна средина на кој ќе се презентираат техниките. Таа презентација ќе се одржи на 2 Јули во Охрид во организација на билатералниот Секретаријат и Општина Охрид.

„Јасно е дека најголемиот предизвик во функционирањето на колекторскиот систем е мешањето на останати води со водите во системот и лошата состојба на цевководите низ поголем дел од мрежата. Решенијата за долгорочна заштита се или изградба на нов систем или рехабилитација на постојниот. Пресметките говорат дека огромни се средствата кои ќе бидат потребни за овој процес и затоа после презентирањето на состојбата и техниките мораме да влеземе во агресивен приод кон донаторската заедница. Езерото мора да ни биде вечен приоритет“. – истакна Дејан Пановски.

Јапонските претставници денес во Општината средба на истата тема имаа и со Претседателот на Советот на Општина Охрид г-ѓа Коњаноска и директори и преставници на ЈП Проаква и Нискоградба, кои поддржаа одржување на една презентација за техниките за рехабилитација на колекторскиот систем кои јапонски експерти ќе ги презентираат во Охрид на 2 Јули годинава.

„Поради оштетување и поради лошите споеви на цевките  има мешање на атмосферските и подземните води со колекторот па оттука се јавува  потребата за итна санација на колекторот на Охридското Езеро за што е изготвен и Извештај кој ги содржи начините и техниките за рехабилитација на колекторскиот систем“. – рече г. Огура, претставник на балканската канцеларија на JICA.

Rehabilitacija_kolektor