„Соживотот и заедништвото се белег на Република Македонија, а мултиетничкото општество е културно и духовно богатство на земјава. Историјата напишала многу страници за Македонија, а во неа незапирливо се говори за значајната улога на Власите и нивниот идентититет кој како индивидуален избор на поединецот е достоен за почит. И ден денес Влашката заедница има значаен удел во општественото ,културно и политичко влијание и на денешен ден се потврдуваат вредностите и длабоката традиција и посветеност на Власите за просперитет и благосостојба на нашата држава.
Со нескриено задоволство и почит Ви го честитам Националниот ден на Власите и Ве уверувам дека и понатаму заеднички и несебично ќе ги негуваме традицијата, идентитетските, историските, и културни вредности и заедно ќе придонесуваме во издигнувањето на Охрид како град кој не спојува и ги унапредува меѓуетничките односи, разбирањето и толеранцијата“, – стои во честитката на градоначалникот Никола Бакрачески упатена до припадниците на влашката заедница по повод одбележувањето 23 – ти мај, Националниот ден на Власите.