„Со посебно задоволство на сите граѓани на Охрид им го честитам празникот на македонските и сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј.
Значењето на вонвременското дело на светите браќа Кирил и Методиј и денес од оваа временска дистанца ја покажува непроценливоста на нивната благородна просветна дејност, со која нашиот народ заедно со останатите словенски народи се приклучија кон духовниот и културен растеж на европската цивилизација. Создавањето на првата словенска азбука- глаголицата, претставува чин од непроценливо значење за иднината на македонскиот и сите словенски народи. Творењето на јазик и азбука разбирлива за народот, историски придонесе за огромен духовен и културен напредок на словенските народи. Заради нивната света мисионерска дејност на ширење на христијанските вредности меѓу паганските народи и денес со посебен пиетет, светите словенски браќа Кирил и Методиј, се спомнуваат како неизбришлив споменик и темел на европската духовност и култура.
Во спомен на нивното неизбришливо дело, уште еднаш Ви го честитам Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј.“ – стои во честитката од градоначалникот Никола Бакрачески.