Советникот Сашо Донев, денеска присуствуваше на свечената литургија по повод празникот Преподобен Теофил Исповедник (Струмички); Светите маченици Евлампиј и Евлампија, и тригодишнината од осветувањето на параклисот посветен на Св. Јован Крстител.
Параклисот посветен на Св. Јован Крстител беше осветен пред 3 години на 23 Октомври 2011 година и важи за едно од најсветите места за трпејчани. Каде што за време големиот христијански празник Водици се одржуваат верските обреди и се фрла Светиот Крст во водите на Охридското Езеро.