„Бивша“ или „Југославија од иднината“?!

Гледајќи ја историјата, овие споменици ги претставуваа и ги претставуваат местата на кои се случиле големи битки, значајни места кои преку визуелниот впечаток на спомениците ја покажуваат силата и големината на жртвите кои го дале својот живот за Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

Овие споменици се изградени во периодот од 1960 до 1980 година, период кога претседател беше Јосип Броз Тито, во 80-тите години привлекуваа милиони посетители годишно.

Историјата, спомениците, симболиката, тоа се работи кои се познати за нас, за луѓето од овие простори, но што е со оние кои за прв пат ги гледаат овие споменици!?

Футуристичкиот изглед на повеќето од нив изгледа како да се од иднината, а не од минатото. Но во секој случај, без разлика на тоа што некои од нив се оставени на милост и немилост, импозантноста на овие објекти ќе остане засекогаш.

WebOhrid