Одржан турнир во мал фудбал организиран од Хуманитарното здружение „Подадена Рака“

Во пријатна атмосфера се одигра турнирот во мал фудбал на Египќаните – мај 2013, каде организатор беше Хуманитарното здружение „Подадена Рака“.

Победник на турнирот беше екипата на РАПО КОМПАНИ, второто место и припадна на екипата Лескајца, третото место на екипата на ТВБ7. Најдобар играч беше Роберт Усеинов, најдобар стрелец Орхан Цноли и најдобар голман Џемаил Исмаили.

Организаторите упатуваат голема благодарност за особен придонес и поддршка на фудбалскиот турнир на советникот во Општина Охрид, Кујтим Усеини.

TurnirEgipkani3 TurnirEgipkani4