Над 300 лица се приведени во Париз за време на судирите помеѓу демонстрантите и полицијата, кои протестираа поради усвојување на законот со кој се одобруваат бракови од ист пол.
Синоќа, кога овој закон официјално се прогласи за завршен, група од 200 до 300 лица почнала да фрла камења и шишиња врз полицијата, која пак возвратила со солзавец.
Демонстрантите се собраа вчера во Париз, протестирајќи поради законот со кој им се одобрува посвојување на деца на истополните парови. Со овој закон, Франција е деветта земја во Европа и 14-та во светот која го легализира ваквиот брак.
Весникот „Паризиен“ објави дека полицијата привела 293 лица. Според полицијата, на улиците во Париз излегле над 150 илјади лица, додека пак според организаторите на овој протест, излегле повеќе од еден милион.