Ј.П „Билјанини Извори“ и Сојузот на спортови се обединуваат за доброто на спортот во Охрид

Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ и Сојузот на спортови се обединуваат за доброто на спортот во Охрид. Координативно тело кое во иднина ќе го сочинуваат претставници од охридските клубови ќе се грижи за проблемите и унапредувањето на спортот во Охрид.

„Се собравме да ги решиме проблемите со кои се соочува спортот во Охрид. Но, ние како Ј.П. „Билјанини Извори“ нема да можиме се да решиме без помош на Општината Охрид и клубовите кои партипицираат во градот. Ние во нашиот домет во иднина на секој клуб од Охрид, на кој му се потребни сала за прескоференции, простор со интернет покривање, компјутер со печатач и други пропратни работи ќе може да го искористат во Ј.П. „Билјанини Извори“, – рече в.д. директорот Иван Цветкоски.

Сојузот на спортови ја поддржа идејата на Ј.П. „Билјанини Извори“ за обединување и формирање на координативно тело.

„Како претседател на Сојузот на спортови во Охрид ние сме почестени од повикот на новиот директор на Ј.П. „Билјанини Извори“ на ваков состанок. Во иднина да продолжат вакви состаноци на кои ќе можат сите клубови кои се членови во Сојузот на спортови на Охрид да ги изнесат своите успеси и проблеми – истакна претседателот на Сојузот на спортови“, Коста Карадимче.

На состанокот присуствуваа сите клубови кои партипицираат во градот Охрид и кои се членови на Сојузот на спортови.