Репрезентацијата на Македонија која од 18 до 25 јуни ќе настапува во Мерсин, Турција на Медитеранските игри. Кошаркарите ги почнуваат подготовките во понеделник (3 јуни 2013 година).
Првиот тренинг во понеделник ќе почне од 10.30 часот во салата „Градски Парк“ во Скопје. Селекторот Марјан Србиновски ги повика следните 17 кошаркари:
Александар Костоски
Дарко Соколов
Марко Симоновски
Бојан Трајковски
Владимир Брчков
Андреј Магдевски
Кристијан Николов
Стојан Ѓуроски
Бојан Крстевски
Горјан Марковски
Оливер Двојаковски
Љубомир Младеновски
Огнен Стојановски
Александар Штерјов
Димитар Караџовски
Марјан Јанески
Синиша Аврамовски
Настапот на Медитеранските игри ќе биде дебитантски за Македонија, а порано месецов беше одржано и извлекувањето на групите. Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе игра во група со Египет, Алжир и домаќинот на Игрите, Турција, а во конкуренција се уште и репрезентациите на Србија, Тунис и Италија. Кошаркарскиот турнир почнува на 18 јуни и ќе трае до 25 јуни.