Ј.П. „Нискоградба“ – Охрид со долг од 67.963.194 денари

Вкупниот долг на Ј.П. „Нискоградба“ – Охрид изнесува 67.963.194.оо денари. Ова денес на прес-конференција, го соопшти новиот директор на Ј.П. „Нискоградба“ – Охрид, Никола Икономовски.

Како што рече Икономовски со неговото доаѓање, Ј.П „Нискоградба“ е затекнато со неисплатени три плати. Јавното претпријатие работи со блокирана сметка поради извршени судски решенија и неплаќање на данок по основ на ДДВ – 5.096.830.оо денари.

„Обврски спрема Јавните претпријатија во Охрид – 14,252,712,оо ден. Обврски за неплатени телефони, Фиксни и Мобилни- 64.395.оо. Обврски спрема Угостителски Објекти (репрезентација) 632.523.оо ден. Од основање на Јавното претпријатие поточно од 01.07.2010 за репрезантиција се трошени на годишно ниво просечно по 1.262.114.оо ден. Што е една превисока сума на пари согледувајќи ги потребите од истите. Обврски према добавувачи 55.725,705.оо ден. Неисплатени административни забрани (задржани на плата) на вработените, а истите не се иплатени до соодветните банки и извршители во вкупен износ од 206.000.оо ден“. – истакна Икономовски.

Како што рече Икономовски, поради неплаќање на обврските сега претпријатието не е во можност да спроведе јавна набавка, поради изгубената доверба кај добавувачите.

„Во минатиот период обврските кон добавувачите се исплаќале селективно,додека другите мораа по судски пат да ги наплатат своите побарувања.Во врска со добавувачите симтоматично е што две фирни се пријавувале и ги добиле поголемиот дел од тендерите од кои што во моментов ги набавуваме основните материјали за работа и со тоа го отежнуваат тековното работење на ЈП“. – додаде Икономовски.

Икономовски вели дека е потребно да се преземат, како и дека веќе се преземаат мерки за нормализирање на состојбата на препријатието.

„Во тек е анализа на структурата на вработените,со цел ефикасно искористување на работната сила и овозмужувајќи секој поедниец да даде придонес на својот личен резултат, а со цел зголемена ефикасност во работењето.Враќање на изгубената доверба кон доверителите.Навремено отплаќање на долговите, што ќе се постигне само со поголеме економичност,  рентабилност и дисциолина во работењето“. – вели Икономовски.

И како што потенцира новиот директор, приоритет на ЈП Нискоградба ќе биде подобрување на услугите спрема корисниците, услуга на високо ниво и унапредување на деловните односи со комитентите.

Niskogradba2