Летен кошаркарски турнир во Охрид

Ј.П. „Билјанини Извори“ – Охрид информира дека на ден 01.06.2013 година (сабота) во периодот од 13:00 до 19:00 часот во спортската сала во склоп на Ј.П. „Билјанини Извори“ ќе се одржи летен кошаркарски турнир 2013 година.

Турнирот е во организација на КК. Колибри – Oхрид во соработка со Ј.П. „Билјанини Извори“ – Охрид, а под покровителство на Локалната самоуправа – Охрид.

На турнирот учество ќе земат деца родени 2000-2012 година во категорија мажи.

Екипи кои ќе учествуваат на овој турнир се:

• КК. Колибри Охрид

• КК. МЗТ Скопје

• КК. Аеродром Скопје

• КК. Работнички Скопје

• КК. Глобал Охрид

• КК. Црн Дрим Струга

• КК. Кичево Кичево

• КК. Старс Охрид

Ј.П. „Билјанини Извори“ известуваат дека овој настан е со тенденција да прерасне во традиција, се со цел развивање на кошарката во Охрид, а воедно и ги покануваат сите љубители на спортот да дојдат да го посетат овој настан.