Акцијашите вкусија охридска рибна чорба

Рибарите од Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ од Охрид приготвија рибна чорба за Манифестацијата „Брег на Младоста“ Охрид 2013 во организација на Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ од Охрид.

Над стотина акцијаши волонтери од акцијашки клубови од Македонија и државите на поранешна Југославија, Швајцарија и Германија имаа можност да вкусат охридска рибна чорба од крап, направена по стар охридски рецепт.