Бесплатен рекламен простор – СОБИ

Туристичката сезона полека, ама сигурно наближува. Како и секоја сезона така и оваа, топ-понуда од нашите сограѓани ќе бидат собите.

Како најлесно да им се пренесе на туристите дека во близина се издаваат соби?! Без разлика каде и како, СОБИ може да се понудат баш вака, како на ова дрво кое служи како бесплатен простор за рекламирање.

Со оглед на тоа дека се наоѓа до пешачки премин на Булеварот Туристичка, најверојатно ќе донесе гости. А, ќе донесе ли, навистина!?

WebOhrid