Најголем број на семејства кои имаат милионско богатство се наоѓаат во САД, потоа следува Јапонија, а Кина е на третото место.
Во САД 5,9 милиони семејства поседуваат милионско богатство, во Јапонија има 1,5 милиони такви семејства, додека пак во Кина 1,3 милиони.
Од европските држави, најмногу „милионерски семејства“ има во Швајцарија, која се наоѓа на 11 место во светот, додека пак Белгија е на 12 место.
Во светот има вкупно 13,8 милиони семејства со богатство од милион долари, што претставува 0,9% на глобално ниво.
Супер богати семејства пропорционално најмногу има во Хонг Конг, каде односот е 13 спрема 100.000.