Успех на Македонскиот Кендо тим на Отворениот шампионат во Kендо – Атина Таикаи

Македонскиот Кендо тим во состав: Кесковски Златко, Атанасовски Андреј, Менсур Бојда, Никовски Игор и Димче Панов на Отворениот шампионат во Kендо – Атина Таикаи кој се одржува во Атина, Република Грција, го освои 3-то место во екипна конкуренција од 12 држави и 26 екипи.

На прво место беше тимот на Фокуока Универзитетот од Јапонија, на второ место Интернационален тим (Холандија, Велика Британија и Франција) а на трето место Зен Кендо Доџо ЈОШИН – Македонија.

Најдобар борец на денешното екипно натпреварување е прогласен Димче Панов од Македонскиот тим.