Градоначалникот Бакрачески додели решенија за легализација на бесправно изградени објекти

Денеска во Големата сала во Општина Охрид, Градоначалникот Никола Бакрачески, на триесеттина граѓани на Охрид им додели Решенија за легализација на бесправно изградени објекти.

„Законот со постапување со бесправно изградени објекти е донесен во март 2011 година. Рок на имплементација на Законот е 5 години, а бројот на поднесени барања до Општина Охрид е околу 11 320. За нешто повеќе од две години се процесирани околу 600 предмети. Од април 2013 година со добивањето на мандатот пристапивме кон проект за забрзување на динамиката на издавање на овие решенија со оглед на тоа што големата бројка која што не притиска за решавање на овие спорови од делот на легализација на бесправно изградени објекти“. – изјави градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески.

Како што истакна Бакрачески, формирани се 20 тимови со по 2 лица, кои имаат за задача да ги посетат домовите на барателите за легализиција, да ги информираат за процесот на легализација и да им помогнат во надминување на проблемите со кои се соочуваат за навремено да го завршат процесот .

„Во една од документациите која што ние обврзно ја дававме на тимовите беше и еден анкетен лист, кои што тие го доставуваа до домовите на лицата кој што бараа легализација на бесправно изградени објекти. Во тие анкетни листови значи составивме прашалник од кои што ние црпиме информации во кои делови овој процес најмногу закочуваше и кои се најтешките елементи од процесот на легализцација со кои што се сочуваат граѓаните. Досега се посетени над 5000 домови и добиени се повратни пополнети прашалнци од 250 домови“. – истакна Бакрачески.

За периодот април-мај издадени се 128 решенија. Во натамошниот период ќе се интензивира процесот, а тимовите кои работаат на терен и локалната администрација дополнително ќе бидат ангажирани преку формирање на поголем број на лица кои директно се вклучени во имплементацијата на постапките за легализација.

„Во таа насока направивме и реформирање на Секторот за урбанизам и од две постоечки комисии за легализација формиравме уште 2 значи 4 комисии, кои ќе работат на забрзување на процесот  за легализација, и секако отворивме канцеларија за граѓаните во која ќе се врши прием на странки секој понеделник, среда и петок од 8 до 11 часот“. – додаде Бакрачески.

WebOhrid