Турски бизнисмени во посета на Општина Охрид

Градоначалникот Бакрачески денес оствари средба со група бизнисмени од Истанбул, Турција, заинтересирани за вложување во хотелиерскиот бизнис во Охрид. На средбата гостите од Истанбул беа запознаени со можните локации за градење на Охридското крајбежје и условите кои Република Македонија и Општина Охрид ги нудат на потенцијалните странски инвеститори.

Гостите од Истанбул најавија дека нивните компании се подготвени веднаш да инвестираат во Охрид, по целосното разгледување на условите и процедурата за инвестирање од страна на нивните стручни тимови.

Investitori_turcija2