Од полноќ поскапуваат бензините за еден денар

Бензините од полноќ поскапуваат за еден денар, додека цената на дизелот останува непроменета. Ова е најновата одлука на Реголаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС-95 е 80 денари за литар, на Еуросупер БС-98 ќе биде 81,50 денари за литар. Цената на мазутот ќе се намали и ќе изнесува 41,04 денари за килограм. Цената на дизелот ќе остане иста и изнесува 67,5 денари.