Зоран Заев е нов претседател на СДСМ

Досегашниот потпретседател на СДСМ и актуелен градоначалник на Струмица, Зоран Заев е избран за нов претседател на партијата. Огромно мнозинство од делегатите на 14. Конгрес на СДСМ го избраа Заев да ја води партијата во наредниот четиригодишен мандат.

Во својата прва изјава по изборот Заев најави целосно обединување на партијата и место во неа за секој социјалдемократ. Тој изјави дека со неговиот избор започнува декласирањето на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и дека со него и неговиот тим на чело СДСМ повторно ќе биде победничка партија.