Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, во среда и во четврток, со почеток во 20:00 часот ќе се прикажува претставата „Малограѓанска Свадба“ – Бертолд Брехт, во режија на Дејан Пројковски.
Во претставата ќе играат Петар Мирчевски – таткото на невестата, Горан Стојановски – Јакоб, младоженецот, Јасмина Билаловиќ – Марија, Невестата, Јулијана Стефанова – Мајката на младоженецот, Адријана Билаловиќ – Ина, сестра на невестата, Ивица Цонев – Пријател на младоженецот, Билјана Билаловиќ -Еми, жената, Стрезо Стаматовски – Нејзиниот маж, Никола Тодороски – Ханс Милднер, младичот.
Претставата се игра пред 24 лица, кои заедно со актерите седат на свадбената трпеза и е наменета за возраст од над 14 години. Картите се по цена од 250 денари.