Во тек е Конкурсот за најдобра поема „Григор Прличев“ за 2017 година

Во тек е конкурсот за најдобра поема „Григор Прличев“ за 2017 година. Конкурсот за избор на соодветната поема трае заклучно до 25-ти ноември 2017 година. Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер, но притоа не смее да биде помала од 912 стихови. Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема предвидена е и парична награда. За изборот односно наградата одлучува три члено жири составено од реномирани автори од подрачјето на Општина Охрид и Република Македонија. Се повикуваат сите заинтересирани автори до испратат необјавена поема во…

повеќе...

Нови наслови на книги во охридската Библиотека „Григор Прличев“

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид го збогати книжниот фонд со нови наслови: „Јас те сакам повеќе” – Лиса Гарднер „Убиство на теренот за голф” – Агата Кристи „Уна и Селинџер” – Фредерик Бегбеде „Само пријатели” – Колин Хувер „Чудата на Свети Еразмо” – Стојан Ристески „Половина век карате” – Димче Јанковски

повеќе...

Во среда повторно ќе биде изведена „Аналфабет“ пред охридската публика

Во среда, 25ти октомври, на репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид повторно ќе биде изведена претставата „Аналфабет“- комедија работена според Бранислав Нушиќ, во режија на Ѓорѓи Ризески. Претставата ќе биде со почеток во 20:00 часот. Бесплатен влез за студенти. Во претставата играат: Горан Стојаноски како Максим Благадуша, Никола Тодороски како Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски како Румен Вујаклија, Елизабета Стефановска како Магдалена Лапајкоска – Дупева. Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев. Картите се по цена од 150 денари. Претставата не е за лица помлади од 14 години. Во истата се…

повеќе...

Продолжува репертоарот на германски филмови во Центарот за култура Охрид

НУ Центар за култура „Григор Прличев” Охрид и понатаму продолжува со прикажување на германски филмови овој месец. Вечерва Охридската публика ќе може да ги погледне филмовите „Кој сум јас” и „Феникс”. Who Am I (2014) крими, драма, мистерија режија: Баран Бо Одар Улоги: Том Шилинг, Ејлас М’Барек Вечерва во 18:00 часот. Phoenix (2014) – Историска драма режија Кристијан Петѕолд улоги Нина Хос, Роланд Зехрфелд, Нина Кузендорф Вечерва 20:00 часот. Влезот чини 50 денари.

повеќе...

Во Центарот за култура Охрид ќе се одржи Етно вечер насловена Незаборав

Утре во НУЦК „Григор Прличев“ ќе се одржи Етно вечер насловена НЕЗАБОРАВ. Љубителите на старата македонска чалгиска музика ќе имаат можност да го проследат настапот на ФА Бисери, Ансамбл Билјана јуниор, а како специјален гостин свој настап ќе има маестро Зоран Џорлев. „Песната е нашиот идентитет. По старата македонска чалгиска музика сме препознатливи и уникатни во светот. Преку ваквите настани, ќе го исполниме аманетот на авторите кои стојат зад овие дела и само така ќе ги сочуваме од заборав.“ – вели организаторот на овој настан, Ѓоко Алоски. Настанот започнува во…

повеќе...

„Импровокација“ во сабота пред охриѓани

Импровокација S03E02, или кај народот позната како октомвриска импровокација, оваа сабота во прајм тајмот на изборниот молк. 20:00 часот во добро познатиот керал на Народниот Театар во Охрид. Учествуваат актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски, подпомогнати од домаќинот на шоуто Филип Ангеличин – Жура. Картите можат да се купат во музичката продавница Зи Зи Топ по цена од 150 денари преку цела недела и 200 денари на денот на шоуто, или да се резервираат на телефонскиот број 075 283 066 (11.00 – 15.00 часот)

повеќе...

Промоција на книгата „Масонски степени” и изложба на масонски книги од Миле Миќуновиќ

НУ Библиотека „Григор Прличев” – Охрид организира промоција на книгата „Масонски степени” и изложба на масонски книги од авторот Проф. д-р Миле Миќуновиќ. Промотор е м-р Милчо Јованоски. Изложба на масонски книги од Проф. д-р Миле Миќуновиќ. Отворањето ќе се одржи во НУ Библиотека „Григор Прличев” – Охрид на 12.10.2017 (четврток) во 13:00ч. Изложбата ќе биде отворена до 18.10.2017.

повеќе...

Започна Фестивалот на новиот германски филм во Охрид

Вчеравечер во Центарот за култура „Григор Прличев” со премиерна проекција на филмот „Чик” на познатиот германски режисер Фатих Акин, започна фестивалот на новиот германски филм. Покрај овој филм, љубителите на Европскиот филм, во наредните неколку дена ќе можат да погледнат уште пет наслови од најдобрите германски филмови од минатата и оваа година. Вечерва ќе се прикажува трагикомедијата „Тони Ердман” кој е германски кандидат за Оскар во категоријата “филм од неанглиско говорно подрачје”. Режијата е на Марен Аде, а играат актерите Сандра Хилер, Петер Симонишек, Михаел Витенборн. Почеток 20:00 часот. Покрај…

повеќе...

Македонија и Русија продолжуваат со интензивна и успешна културна соработка

Во срдечна и пријателска атмосфера, министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски го прими амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Олег Шчербак. За време на средбата се разговараше за културната соработка помеѓу двете земји, која беше оценета како многу добра. Амбасадорот Шчербак изрази поддршка за работата на новата Влада во првите сто дена, посакувајќи понатамошна успешна соработка. Министерот Алаѓозовски се заблагодари на поддршката и ја истакна подготвеноста на Македонија за понатамошно интензивирање и продлабочување на културните и духовните врски помеѓу двете земји. На средбата се разговараше за претстојните…

повеќе...

Етно составот Езерки и оркестарот 7/8 ќе одржат мини турнеја во неколку градови во Македонија

Женскиот вокален етно состав Езерки и оркестарот 7/8, како дел од Хрватско-македонското друштво од Загреб, Република Хрватска, во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, ќе одржи мини турнеја во неколку градови во Македонија. Работејќи повеќе од 22 години, етно составот Езерки и оркестарот 7/8 ја негуваат македонската традиционална и староградска музика. Првиот концерт ќе се одржи во Тетово на 15 септември. Вториот концерт ќе се одржи во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид на 16 септември со почеток во 19:30 часот, каде воедно ќе биде прикажан…

повеќе...