Изложба на фотографии – Еколошка вистина 2013

Денес, на Денот на екологијата 5-ти јуни, со почеток во 20 часот во Куќата на Робевци, ќе се отвори “кружна“ изложба на фотографии под името “Еколошка вистина 2013“. Културниот настан ќе го отвори претседателот на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска.

Интересно е тоа што изложбата во иста постановка и истовремено ќе се отвори во пет земји и тоа во Нова Горица – Словенија, Бања Лука – Босна и Херцеговина, Заечар – Србија, Софија – Бугарија и во Охрид – Република Македонија.

Од примените над илјада и сто фотографии, ќе бидат прикажани околу осумдесет, меѓу кои и педесет и две наградени. Изложбата е во организација на Фото сојузот на Македонија и Фото клубовите Охрид и Кастрон. За овој културен настан, испечатен е и каталог од сто и осумдесет страни.