Унгарскиот амбасадор во посета на Општина Охрид

Градоначалникот Никола Бакрачески, денес оствари средба со амбасадорот на Република Унгарија во нашава земја, Јожеф Бенце на негово барање. На средбата се разговараше за досегашната соработка и продлабочување на врските со унгарскиот народ. Амбасадорот Бенце изрази благодарност за топлиот прием на унгарската стопанска делегација, која неодамна беше во посета на Општина Охрид, со надеж дека во иднина воспоставените врски ќе вродат со конкретни зеднички проекти.

Градоначалникот Бакрачески го запозна амбасадорот со неговите заложби, Охридскиот аеродром да биде дестинација и за авиокомпанијата “Виз Ер“. Со оглед на фактот дека охридскиот аеродром го покрива поширокиот регион на југозападна Македонија и јужниот дел на соседна Албанија, може да биде интересен и  за унгарската авиокомпанија.

Амбасадорот Бенце го изрази своето длабоко уверување дека Унгарија како силен поддржувач на Македонија во евроинтегративните процеси и лично тој , ќе стори се Охрид, што повеќе да го доближи до унгарските граѓани и потенцијалните туристи и бизнисмени.

Ungarski_ambasador_2