ВМРО-НП: Надлежните институции да го спасат Слатинското Езеро

Соочени со катастрофалната состојба на Слатинското Езеро, ВМРО – Народна партија е сериозно загрижена за неговата иднина. Во очи на Денот на екологијата, тоа езеро се бори да преживее.

„Поради негрижата на надлежните институции и концесионерот, флората и фауната се пред изумирање. Нивото на водата во езерото од девет метри е намалено на само еден метар.

Бидејќи состојбата е алармантна, апелираме до сите надлежни институции, во најбрз можен рок, да го санираат процепот на браната од каде што истекува водата и да го спасат Слатинското Езеро. Државата е таа која најмногу треба да ги штити природните убавини од еколошки катастрофи. Моментално, таа покажува тотална незаинтересираност и неодговорност за ова“. – стои во дописот од ВМРО – Народна партија Општински комитет – Охрид.