Извршен излов на рибите од акумулацијата Слатино

Десет професионални рибари од с. Радожда со влак и друг  професионален рибарски алат вршеа излов на рибата од акумулацијата Слатино. Изловени се околу 500 примероци на крап од 300 грама до 5 килограми и друга бела риба околу 500 килограми.  Дел од рибата е префрлен на Требенишко  езеро и Хидробиолошки завод, дел во реките во сливното подрачје на Охридско Езеро. Неафтохтона риба како карсот е отстранета. Изловот се вршеше до доцните вечерни часови под надзор на преставници од ЈНУ Хидробиолошки институт и Државен инспектор за рибарство.