Утре во просториите на Општина Охрид, на иницијатива на градоначалникот Никола Бакрачески, предвидено и со изборната програма, ќе се формира Локален Економски Совет, односно “Совет на градски татковци“. Во ова советодавно тело ќе членуваат над дваесеттина еминентни охриѓани од областа на бизнисот, културата, образованието и други општествени дејности.
На чинот на формирањето на Локалниот Економски Совет, ќе присуствува и министерот за привлекување странски инвестии, Бил Павлески.
Локалниот Економски Совет ќе работи пленарно и ќе се состанува барем еднаш во месецот, на кој ќе се разгледуваат конкретни предлози и проекти за економскиот развој на Општина Охрид.