Едриличарскиот клуб „Бофор“ врши упис на нови членови на возраст од 8 до 12 години кои ќе земат учество во школата за едрење која започнува на 15.06 (сабота). Уписите се во тек и се вршат секој работен ден од 10 до 12 часот во просториите на клубот кој се наоѓа до мостот на каналот Студенчишта. Други детали и информации можат да се добијат на тел. број 078 269 041.
Школата за едрење се состои од 2 дела: теоретски и практичен. Во теоретскиот дел се учат основните делови на едрилицата и нејзината опрема, основи на метеорологијата, основните едриличарски принципи и однесување на вода, како и основните регатни правила. Низ практичниот дел се изучуваат основното управување со едрилицата, едрење во различни курсеви во однос на ветерот, едрење по слаб и умерен ветер, основни едриличарски јазли.
Школата за едрење трае во текот на целото лето, а во зависност од напредокот, новите членови се вклучуваат во понапредна група и добиваат можност да настапат на дел од националните и меѓународни натпревари низ Европа на кои овој клуб е редовен учесник.
Оттаму упатуваат посебна покана до сите девојчиња кои сакаат да се занимаваат со спорт бидејќи едрењето како спорт обезбедува рамноправност во машка и женска конкуренција во најмладите категории до 15 години.