Познати се добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“

Фолклористот Марко Китевски е добитник на наградата „Св. Климент Охридски“ во областа на воспитанието и образованието. Награда за култура и уметност добија музичката уметница Гордана Јосифова-Неделковска, скулпторот Жарко Башески, поетесата Весна Стојчевска и театарската критичарка и публицистка Лилјана Мазова.

Оваа одлука ја донесе Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2016 година, за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Извор: meta.mk