Хобитите, џуџињата и змејовите се покажаа како добра туристичка мамка, бидејќи обожавателите на филмот масовно го посетуваат Нов Зеланд како би можеле да видат како се снима вториот дел од трилогијата „Хобит“.
Според статистичките податоци од Туристичката организација на Нов Зеланд бројот на туристи оваа година е зголемен за 10% во споредба со истиот период минатата година. Од нив 8,5% изјавиле дека филмот „Хобит“ е „виновен“ за нивната посета.
Студиото „Ворнер“ соопшти дека овие денови треба да се појави првиот трејлер за вториот дел од „Хобит“ чија премиера се очекува на 13-ти декември во Лос Анџелес.
Трилогијата ја режира Питер Џексон. Првиот дел „Хобит: Неочекувано патување“ во кината беше прикажан во декември 2012, со огромно интересирање на публиката, и со заработка од над милијарда долари.