Охридското Супер радио според истражувањето на Советот за радиодифузија од 15.04.2013 е најслушаната локална радио станица во Македонија.
„Прво би сакал да Ви се заблагодарам за интересот како куќа и затоа што секогаш сте ги поддржувале нашите активности. Фактот што Супер радио веќе и официјално е најдобрата и најслушаната локална радио станица во Република Македонија ја сакам да го гледам како една круна на полни 20 години макотрпна работа. Се трудевме да ги следиме сите техничко-технолошки новитети. Вложувавме во опрема, но и во кадар што се покажа како добитна комбинација. Супер радио своите радиски „идоли“ ги имаше далеку надвор од границите на државата и она што особено е гордост за нас е што за 20-тиот роденден успеавме да застанеме рамо до рамо со нив – светските радио станици, што е исто така особена гордост за нас. Мислам дека како куќа докажавме дека со сериозна работа и посветеност може да се стигне и до посериозен успех. Ние верувавме во Охрид и му благодариме што и тој веруваше во нас. Ова е награда и за целиот град, кој во нас препозна сериозна медиумска куќа, која до сега му врати многу, а во иднина ќе направиме напори да му дадеме уште повеќе“. – изјави сопственикот и главен и одговорен уредник на Супер радио, Сашо Митаноски.