Се одложува асфалтирањето на улицата „Радојца Новичиќ“

Поради временските услови и на барањето на граѓаните околу активностите за претстојниот верски празник Спасовден, кој масовно се прославува во с. Лакочереј, се одложува асфалтирањето на улицата „Радојца Новичиќ“.

За продолжувањето на градежните активности од страна на Локалната самоуправа ќе следува дополнително известување.