Општина Охрид на ден 15-ти, 16-ти и 17-ти јуни 2013 година го организира првото терестично (земјено) запрашување против комарци. Запрашувањето ќе се одвива на горенаведените денови во периодот од 23 до 06 часот.
Поради запрашувањето Локалната самоуправа ги известува пчеларите, на 15-ти, 16-ти и 17-ти јуни 2013 година да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат потребните мерки за нивна заштита.
Од Локалната самоуправа ги известуваат граѓаните на општина Охрид дека препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.
Како што информираат оттаму, доколку временските услови не го овозможат вршењето на дезинсекцијата, терестичното запрашување ќе се изврши во наредниот поволен период.
WebOhrid