Кај лице од Делогожда пронајдени четири пиштоли и една ловна пушка

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Струга  против лицето А.Ж. (37) од струшкото село Делогожда, поднесе кривична пријава.

На 18-ти декември минатата година ,при претрес во неговиот дом, полициските инспектори пронајдоа четири пиштоли и една ловна пушка сокриени во спалната соба, во помошни простории како и во делови од облека. 

Во текот на претресот, пронајдени се следниве огнени оружја: пиштол марка ТТ М 57 со калибар 7,62 мм со рамка со осум куршуми, пиштол марка „Берета“ калибар 22мм. со една празна рамка,пиштол „Револвер“ марка Застава М83/92 со шест куршуми во него, пиштол марка „ГЛОК 17“  со шеснаесет куршуми во истиот, ловна пушка марка „Churchil gold R222“ со три патрони, една празна рамка од пиштол со кал.7.62 мм, 42 парчиња муниција калибар 9мм, заштитен елек панцир без заштитни плочи, една пластична кутија за пиштол и две пластични паковки за пиштол.

Одземеното огнено оружје и другите предмети лице се предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.