Ј.П. „Билјанини Извори“ повторно стопанисува со базенот

Денес на Градскиот базен Атина Бојаџи во склоп на Ј.П. „Билјанини Извори“ – Охрид, се одржа прес конференција на која се обратија в.д. директорот на Ј.П.  „Билјанини Извори“ Иванчо Цветкоски, претседателот на пливачката школа „Охридски Бранови“ Кочо Паскали и Владо Рувинов сега веќе поранешен закупец на базенот.

Владо Рувинов изјави дека во име на спортот во Охрид и во интерес на младите се откажува од Договорот за закуп на градскиот базен и истиот го враќа на Јавното Претпријатие „Билјанини Извори“ со надеж дека овој пример ќе го следат и другите концесионери.

Со повторното стопанисување со Градскиот базен, в.д. директорот Цветкоски најави нови содржини и активности во текот на летниот период. Тој истакна дека Ј.П. „Билјанини Извори“ ќе вложи напори базенот да го добие ликот кој го заслужува, се со цел да се анимираат што повеќе граѓани да дојдат да го посетат базенот, а со тоа да се развие и спортот во Охрид.