Општина Охрид ги повикува корисниците на просторот пред деловните простории за вршење на дејност за поставување урбана опрема (маси и столови) согласно законските прописи, да склучат договор за закуп а истовремено да ги подмират и обврските за комунална такса за користење на просторот пред деловните простории за вршење на дејност.
Доколку истите не пристапат кон исполнувањето на законските обврски во предвидениот рок, Општина Охрид ќе ги преземе сите потребни мерки согласно законските прописи.